„Ништо не сакаме да скриеме сакам детално да се истражи не само од ДКСК туку посебно од Јавното Обвинителство, кои рекоа дека може да ја разгледаат целата документација и ако има нешто сомнително да се отвори истрага“, рече Груби во вечерашната Топ Тема.

Тој истакна дека како влада сакаат да остават трага зад нив со овој добар проект, а граѓаните да возат по добри и безбедни патишта.

Потенцираше дека Биро за јавни набавки една година ја разгледувало постапката не верувам дека има грешка но, еве нека истражи ЈО. Исто така сите документи се јавни, во Биро за јавни набавки се е он лајн и можат да ги имаат на увид и сите кои што аплицирале.

„Јас не сум ни обвинител, ни судија нека истражи Обвинителството немаме што да криеме чисти сме ко солза во ова“, вели Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.