Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од свое лично име и во името на МВР упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.

Еден од најзначајните празници на Божјата Мајка кој говори за вечната нејзина живост и за воскресната радост, чествувајќи го бескрајното спасение, силата и чистотата. Таа го носела Христа, го родила и ни го дала нам, учествувајќи со тоа во Тајната на спасението на родот човечки. Ние непрестајно сме поткрепувани со нејзината благодат, за просветление на умот и срцето, и за зацврстување на нашата волја за извршување на добри дела. Нека е за многу години!, стои во честитката од Спасовски објавена на неговиот официјален фејсбук профил проследена со фотографии од присуство на празничната литургија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.