Неспособноста и криминалот на антимакедонската влада на Ковачевски го клекнаа на колена енергетскиот систем во Македонија. Тендери во четири очи и криминалот за набавка на електрична енергија, празнење на акомулациите, уништувањето на РЕК Битола се директна последица за ценовниот шок кои го чувствуваат граѓаните, но и економијата во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За 50% се зголемени сметките за електрична енергија за домаќинствата, додека и за над 400% сметките за струја на компаниите.

Коморите и бизнис секторот секојдневно упатуваат апели до владата за помош за справување со енергетската криза, но од владата молк. Над 5500 правни субјекти ги затворија своите бизниси поради неспособноста на криминалната власт.

Додека владата се богати, народот се повеќе осиромашува. Граѓаните не знаат како ќе ја пребродат оваа зима, токму заради високите сметки за струја, а владата најавува дека и од јануари граѓаните треба да очекуваат ново поскапување на струјата.

ВМРО-ДПМНЕ предложи план за ублажување на енергетската криза, но од владата категорично го отфрлија заради нивни хир, со оправдување дека имаат начин за справување со оваа криза.

На граѓаните им е јасно дека оваа влада е неспособна и нема план за излез од кризата. Антимакедонската СДС единствено гледа само како да наместат некој тендер, и како повеќе да украдат на грбот на граѓаните.

За многу скоро ова неодговорно работење ќе заврши. Граѓаните на следните предвремени избори ќе го казнат ова неодговорно работење на антимакедонската СДС и ДУИ“ – велат од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.