Честитка по повод Денот на независноста упати Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер” профил, изразувајќи „најдобри желби до народот и Владата”, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција им честита и ги изразува своите најдобри желби до народот и Владата на Cеверна Македонија бидејќи денеска го слават нивниот Ден на независноста!, напишаа од грчкото МНР.

Паралелно, заедно со твитот, објавија и фотографија со македонското знаме и пораката: „Честит Ден на Независноста, Cеверна Македонија!”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.