Министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска на денешната работна средба, заеднички остро го осудија инцидентот во Битола.

Како што истакнаа Османи и Генчовска, двете министерства ќе продлжат да наоѓаат заемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји.

Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Македонија, информира МНР по средбата.

Османи уште еднаш најостро го осуди, какош што вика вандалскиот напад, овојпат преку водеопорака на Фејсбук.

Најостро го осудуваме вандалскиот напад кон здружението „Иван Михајлов“ во Битола.
Ваквиот акт е доказ дека многу актери се против постигнувањето на напредок во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето.

Разговорите ќе продолжат и утре, а, како што истакнува МНР, дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои „во насока на изнаоѓање заемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Македонија“.

Средбата која беше дел од дводневната работна посета на Генчовска во Македонија, се одржа во присуство на тимовите на министерствата од двете страни. мч/мд/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.