Mинистерот за надворешни работи во службената влада во Софија, Николај Милков, порача дека Бугарија е Европска Унија и додека преговара со ЕУ, Република Македонија преговара со Бугарија.
Не сакам да го коментирам тоа што се дозна од медиумите дека го кажал Стево Пендаровски, бидејќи не би требало да коментирам медиуми. Сакам да дадам неколку принципиелни коментари за системски прашања во односите. Се надеваме дека извршните органи во РСМ ќе ја гарантираат безбедноста во државата, вклучително и на луѓе со бугарска етничка и национална самосвест таму.
Преку медиумите стигна теза дека РСМ нема да преговара со Бугарија, туку ќе преговара со ЕУ. За жал, можеби овој дефект го имаме и кај нас во последно времe, но Бугарија е ЕУ. Кога преговараат со ЕУ, преговараат со Бугарија. Нашите барања се вклучени во преговарачката рамката и Бугарија во секоја фаза има можност да има свое мислење за тоа како се спроведува оваа преговарачка рамка – изјави Милков во врска со изјавата на претседателот Пендаровски дека не би ја посетил Бугарија ако требало да се разговара за историски прашања.
Тој дополни дека „Бугарија исто така не преговара за историја, туку работите се оставени во рацете на комисиите“.
Тие треба да утврдат кои се историските факти и историските вистини – изјави службениот шеф на бугарската дипломатија.
Милков посочи дека дипломатијата е покомплицирана од фудбалската игра и дека во дипломатијата може да има две победнички страни што е, всушност, стремежот.
За жал, во дипломатијата, за разлика од фудбалот, може да има и две поразени страни и ние не треба да бидеме таму. Тоа се работите што треба да се осмислат од оние што зборуваат и се искажуваат. Многу би ми било жал доколку претседателот Пендаровски искажал такви мислења, бидејќи ова доаѓа еден ден откако тој беше тука и претседателот Радев направи се што е можно преку ЕК – ако е можно ЕК да помогне бидејќи има рестриктивни прописи, но да помогнеме со некое финансирање, да може да го задоволиме барањето на РСМ за евтина струја што ја бараат од нас. Претседателот Радев цел ден иамше шатл-средби, одржа 6 состаноци во еден ден, ден и половина во врска со решавањето на ова прашање и за нив – изјави Милков.
Во однос на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ што треба да се отвори во Охрид, Милков порача дека е „добро е да се одмеруваат реакциите, добро е да се биде ладнокрвен, да се размислува пред да се зборува и да се решаваат работите прагматично во тоа што го обезбедува договорот за добрососедство“.
Според Милков, ако името цар Борис трети е проблем, тогаш гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.