Во истрагата ќе видиме што сè е купено. Меѓутоа, претежно парите или се орочени или се останати на сметките, вели шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски за т.н. случај „Делчевски ниви“.

Случајот “Делчевски ниви“ кој СДСМ има голема потреба да го претстави како политички е всушност ветер во магла, со кој политичката партија на власт се обидува да купи политички поени на штета на лица вработини во странската комапнија „ЕВН“ и одредени продавачи на земјиште.

Шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, кое го води случајот, Гаврил Бубевски, во интервју за порталот „А1он“ вели дека во случајот „Делчевски ниви“ парите од продажбата на земјиштето завршиле кај продавачите и во најголем дел од парите од продажбата стојат на сметките. Ова е важно во случајот дотолку повеќе што СДСМ од почетокот се обидува да го наметне како политички монитан случај во кој парите од купо-продажбата на земјиштето наводно завршиле како средства за финансирање на предизборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за наводен случај за кој се пишува уште од лани, на штета на македонски државјани вработени во странска компанија, која во случајот се води за оштетена иако самата ЕВН не пријавила дека е оштетена или дека нејзини вработени на каков било начин ѝ наштетиле со неправилно работење. Напротив, на почетокот на годината ЕВН даде изјава за “А1он” со која потврди дека компанијата нема никаква штета во овој случај.

Имено, се работи за земјиште во Делчевско што ги купила „ЕВН“ наводно многу поскапо од пазарната вредност. Лицата што го продале земјиштето на компанијата ги добиле на подарок три недели претходно. За случајот постапуваше Управата за финансиска полиција, која пред една недела поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје кое отвори истрага.

На прашањето дали постојат индиции дека пари од оваа купопродажба завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, Бубевски во интервјуто за „А1он“ одговара дека истрагата ќе покаже каде завршиле дел од парите односно што е купено со нив, но и посочува дека најголемиот дел од нив сè уште стојат на сметките.

Тие пари завршиле кај продавачите, натаму каде завршиле, сè уште се истражува. Голем дел од паричните средства, да не речам и претежен дел, сè уште стојат и на сметки и имаме трага што е купено со нив. Значи претежен дел од тие пари се на сметките на физичките лица кои ги продале нивите на ЕВН. Во однос на дневнополитичките работи, не можам да коментирам, сметам дека тоа е од дневен карактер натпревар помеѓу политичките партии кој е полош, а не кој е подобар вели Бубевски во интевјуто.

Тој вели дека е можно да се поднесе обвинение до средината на јули односно пред почетокот на судската ферија, но сепак нагласува дека друг обвинител го води случајот. Материјалните докази, според неговата изјава, се прибрани, остануваат вербалните докази односно собирање на искази од сведоци на обвинителски записник, како и одредено вештачење.

Бубевски во интервјуто појаснува што значи дека земјиштето е дадено на дар. Тоа не значи дека е подарено бесплатно на крајните купувачи, туку дека со таа форма на договор се избегнати некои правни чекори во купо-продажбата.

Бубевски вели дека на дародавателите, односно луѓето, физичките лица, кои им го продале земјиштето на ЕВН електрани, им е дадена реалната сума за тоа земјиште.

Парите завршиле на сметките на дародавателите, вели шефот на скопското обвинителство.

Овој случај го заврте вниманието на јавноста не по својата осетливост, ами по обидот на СДСМ да го исполитизира. На мета на владејачката партија се лица вработени во странска фирма кои се доведуваат во врска со ВМРО-ДПМНЕ.

За овој случај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе поведе постапка пред судските органи. Тој е подготвен да поднесе кривична пријава против СДСМ доколу владејачката партија не се извини за конкретниот случај.

Коментирајќи ги изјавите на Социјалдемократскиот сојуз во врска со аферата која тие ја нарекоа „Криминални парцели“, во врска со случајот со продажба на земјиште во Делчевско, а во кој наводно се вклучени блиски лица до ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека тоа се лаги и измислици.

Со тоа, додава Мицкоски, СДСМ ја дефокусира јавноста од тешкиот живот и инфлацијата бидејќи се плашат и знаат оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада.

Јас сум навикнат околу мене да се конструираат лаги, измислици и невистини. Четири и пол години сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и најчесто тие што тоа го конструираат завршуваат со судски пресуди и треба да се извинат. Така беше многупати во минатото така е и сега и така ќе биде во иднината, рече опозицискиот лидер.

Нормално, вели Мицкоски, уплашени се дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ќе ја формира следната влада и знаат дека ќе треба да одговараат за криминалот, па сега, како што додава, се обидуваат да растураат пердуви и да конструираат лаги и измислици и да ги поврзуваат со мене.

Опозицискиот лидер посочи дека верува во пресумпција на невиност, но исто така, додаде дека секој што згрешил пред законот, макар и родена сестра или брат, ќе одговара.

Од сето ова се поставува прашањето дали Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против седум лица кои ги сомничи за сторени кривични дела во случајот со продажба на земјиште во делчевско, само за да надува балон за случај кој ќе служи за дефокус од нешто друго?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.