Поради тоа што 15 доктори и сестри се позитивни на ковид-19, можностите за евентуално реактивирање на модуларната болница во Штип се сведени на минимум, па Клиничката болница бара други алтернативи и поголемо активирање на болниците во регионот, пишува порталот Експрес.

Инфективното одделение во Штип е од регионален карактер и половина од својот капацитет од вкупно 55 легла го исполнува со пациенти од другите градови во регионот. Времено, поради немање доволен кадар кој исто така е заболен, во овој период не можеме да сметаме на модуларната болница. Затоа, бараме Кочанската болница, со која добро соработуваме, повторно да излезе во пресрет и да ги вклучи своите кадровски и просторни капацитети за прием на заболени од ковид-19. Ние пермаментно примаме пациенти од повеќе градови во Источна Македонија, најмногу од Кочани и Радовиш – вели директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.