Оваа недела на политичката сцена, ја одбележа ненадејната одлука на Стевчо Јакимовски, лидерот на партијата Гром и градоначалник на Општина Карпош, да ја раскине коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој како главен виновник го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој според Јакимовски не сакал да му даде поддршка на последните локални избори, а и потоа, работел против него.

Веќе сдум месеци се обидувам сето тоа да го склопиме во еден заеднички продукт, а тоа значи подобар сервис за граѓаните.

За жал, не успеавме да најдеме заеднички јазик со ВМРО-ДПМНЕ, напротив се соочуваме со опструкции, со подметнувања, со омаловожувања и со навреди како градоначалник лично.

Со моите години и искуство не можам да дозволам некој да си поигрува со мене и со советот на општина карпош, но и со граѓаните.

Затоа Карпош и јас мораме да им се спротивставиме на опструкциите и командите од еден центар, изјави за медиумите градоначаникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, објавувајќи дека неговата партија ГРОМ ја прекинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе тајниот неп ријател не можам да го трпам. Од тајни веројатно има причини да станеме јавни непријатели и виновник за тоа не сум јас.

Се обидував долго време да ги ускладиме односите, меѓутоа, да се вмешате во внатрешните работи на една политичка партија и преку грбот на граѓаните да се обидувате да вршите притисок врз еден градоначалник и да вие бидете тој кој ќе командува со општина Карпош, а затоа граѓаните не ви дале мандат и не сте бирани, едноставно не може, а ако сакате да бидете градоначник кандидирајте се на следните избори. Јас и ГРОМ остануваме и натаму опозицонери, ќе продолжиме да делуваме опозиционо и во интерес на граѓаните“. додаде Јакимовски.

Потоа, тој ја сподели и одлуката на највисокото раководство на неговата партија, која ја потври неговата одлука за прекин на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера (13.06.2022) се одржа седница на Централниот Одбор на ГРОМ. Членовите на ЦО одлучуваа по неколку важни точки кој беа на дневен ред, а се однесуваа на дејствувањето и позиционирањето на ГРОМ на политичката сцена како и идните чекори на партијата и избор на раководни тела на партијата.

Точка за одлучување од круцијално значење на Централниот Одбор беше напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, по исцрпната дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Како насока за идно дејствување на ГРОМ се донесе заклучок дека ќе продолжиме да дејствуваме опозициски и ќе се подготвуваме за самостоен настап на следните парламентарни избори.

Во работниот дел на седницата на Централниот Одбор на Граѓанска Опција за Македонија ГРОМ се донесоа одлуки за комплетирање на работните тела и раководните органи на паријата.

Но деновите потоа, Стевчо Јакимовски не престана со темата „Мицкоски“ и продолжи во јавноста да изнесува пикантерии од приватни разговори, од озборувања, хародки кажано, рекли – казали.

Ми пренесоа дека Мицкоски зборувал пшо луѓе дека сум имал ра к и само што не сум се упокоил, а се распрашувал и кога ќе ме затворат, рече Јакимовски во гостување на медиум.

Во подкастот на Инфомакс завчера, тој откри дека Мицкоски обожувал да пие, а кога ќе се испијанел сакал и да пу ка во воздух…

Ваквите изјави на Стевчо Јакимовски наидоа на осуда кај дел од јавноста, која ги оцени како ниско ниво на водење политика.

Борче Трајковски, алијас Боки Бургија, му посвети статус на Стевчо Јакимовски. Еве што му напиша:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.