Во своето гостување во поткастот кај Стефан Лазаров, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се осврна и на Александар Кирацовски кај што укажува дека тој вршел рекет на РЕК Битола.
Александар Кирацовски е човекот кој што беше генерален секретар на СДСМ. И пред мене тука е комуникацијата со Александар Кирацовски од почетокот на нашето познавање до моето апсење. Со Кирацовски како секретар на СДСМ се запознавме откако мене ми го запалија возилото.
Александар Кирацовски беше човекот кој што мене ме спои и со Силјан Мицевски, а комуницираше и со овие други структури, со стружаните Ардијан Амзоски на состаноци на Меѓународен сојуз. И тој е човекот кој што беше цело време спојот меѓу мене и овие бизнисмените кои што подоцна беа дел од проектите на Меѓународен сојуз“, нагласи Јовановски.
Тој посочи дека од СДСМ ги користеле неговите следачи и линкови.
Истиот тој човек е човекот кој што учествуваше во нелегален профит околу РЕК Битола помеѓу Силјан Мицевски, уште едно лице, и уште едно лице кои што добиваа директно тендери од Владата. Зоран Заев со негово знаење и без негов амин не можеше тоа ништо да пројде. Јас бев сведок кога Силјан Мицевски во мојата канцеларија во 1ТВ му даде полн коверт со евра на Александар Кирацовски“, објасни Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.