Да не сум вработен во здравството последниве 30 години би помилил дека здравствените работници земаат 1000 евра плата. Но, не е така, ние сме на работ на преживување. Нашиот синдикат постои само шест месеци и догодина ние ќе бидеме репрезентативен синдикат. Медицинска сестра зема 25, 26 или 27 илјади денари додека потрошувачката кошничка е 56.000 денари. Па како да преживеат тие луѓе?, праша Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравство во утринската „Студио 10“ на ТВ 24.

Ние бараме универзален колективен договор. Не може специјалист во Струмица со ноќни дежурства да зема 75.000 денари плата а во Скопје да зема дупло. Истиот проблем е со медицинските сестри и техничкиот персонал. Во здравството ќе дојде до колапс. Еден судија зема почена плата 130.000 денари, а доктор 45.000 денари, вели Бојчевски.

Бојчевски вели дека репрезентативниот синдикат 30 години не направил ништо за здравствените работници.

Ние сакаме нов колективен договор кој е подготвен и ќе го доставиме. Со него бараме унифицирана плата во цела Македонија. Бараме линеарно покачување на платите во здравството за 30 отсто на коефициентот на медицинските сестри и техничката служба, како и на докторите, вели Бојчевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.