Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев за ТОП ТЕМА на Телма рече дека Алијансате за Албанците не ја условуваат поддршката за уставните измени со влезот во Влада, но кажа дека нивното приклучување на европскиот фронт во државава е добро за полесно и побрзо спроведување на реформите.

„Зголемувањето на европскиот фронт не е само за уставните измени, има реформи кои треба да се донесат. По завршувањето на скринингот и отворањето на поглавјата, реформите се тие што ќе го трасираат патот. Брзината на реформите и усогласувањето со законодавството на ЕУ ќе покажат за колку време ќе станеме полноправна членка“ рече Богоев.

Пред одржувањето на своето партиско Собрание од Алијансата за Албанците изјавија дека ќе влезат во владата доколку премиерот им покаже дека има двотретинско мнозинстгво за уставните измени потребни за динамизирање на преговорите за членство во ЕУ.

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев убедува дека разговорите со Алијансата за Албанците за коалицирање во владата ќе значат прво договор за програмски заложби, па дури потоа договарање авлез во владата

„Во Алијанса за Албанците внатрепартиски се разговара за можно влегување во владејачката коалиција, а истото ќе се разговара и во СДСМ и коалициските партнери. Како ќе се заврши се тоа зависи од програмските заложби“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во ТОП ТЕМА на Телма.

Тој додаде дека потребни се преговори за идеите и концептите, да се види колку се нивните предлози и заложби прифатливи за владината коалиција.

„Доколку нивните предлози се прифатливи за нас како коалиција ќе се влезе во разговор за ресори и таму е битно каков кадар ќе се понуди, односно дали има соодветен кадар“ рече Богоев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.