Вечерва премиерот Димитар Ковачевски на работната вечера со претседателите и други високи претставници на парламентарните партии разговараше за активностите во претстојната 2023 година, за мерките и политиките на Владата за справување со глобалната енергетска криза, економскиот развој и енергетската транзиција, за имплементација на владината програмата, реформите за европскиот пат чекорите за обезбедување европска иднината на државата.

Иако се очекуваше на средбата главна тема да биде влезот на Алијансата за Албанците во новиот владин состав, засега од СДСМ не инфорираат дека станало збор за проширување на коалицијата.

Во меѓувреме, од АА велат дека новоизбраниот лидер на оваа партија очекува до крајот на неделата од премиерот Ковачевски да ја добие првичната понуда со ресори, но и конкретни законски решенија што биле во неформалните преговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.