Личните документи со „Северна“ го блокираа издавањето на лични документи во Одделението за управни работи, објави Сител.

МВР работи само со 12 линии и воопшто не може да успеете да добиете оператор кај кого ќе може да закажете термин.

Доколку денеска преку системот „е-услуги“ се обидете да закажате термин за фотографирање, првиот слободен е на 8 ноември. За пасош, пак, ќе почекате до 4 декември.

Сите граѓани кои имаат стари документи со „Република Македонија“ ќе мора да ги променат до февруари за да добијат со „Северна“. Во март годинава МВР го поскапи вадењето на лични документи.

Личната карта поскапи за 120 денари и сега чини 310 денари. Слично поскапување има и кај возачките кои сега чинат 410 наместо 280 денари. Пасошите за лица до 27 денари чинат исто, но постарите ќе треба да платат 500 денари плус, односно 2.000 денари.

Покаспување има и кај итната постапка. Па така, пасош по итна постапка се вади за 6.100 денари, а возачка за 1.230 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.