Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ја прими амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн.

 

На средбата, беа разменети писма од министрите за надворешни работи по повод членството на Шведска во НАТО.

 

Османи упати честитки за членството на Шведска во НАТО Алијансата, нагласувајќи дека со ваквиот чекор ќе се зајакне европската и целокупната трансатлантска стабилност.

 

“Пристапувањето на Шведска во НАТО како 32-та земја членка е историски момент што ќе ја направи Алијансата побезбедна и ќе ја зајакне нашата колективна безбедност. Тоа, воедно е и потврда за единството на сите земји членки, што е особено значајно во овие времиња кога се соочуваме со руската воена агресија во Украина и последиците врз стабилноста на европскиот континент”, нагласи Османи.

 

На средбата без разменети мислења и за евроинтегративниот процес на Македонија, при што беше реафирмирана силната поддршка од Шведска за наше што поскоро членство во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.