Центарот во Битола, посебно улицата „Рузвелтова“ каде што треба да се одржи свеченоста во клубот „Ванчо Михајлов“ со бугарскиот врв, е целосно блокиран од полицајци.

Како што јавува репортерот на „Нова Македонија“ движењето по оваа улица е забрането, а забранет им е пристап и на сопствениците на дуќаните, кои силно реагираа на таквата постапка. Ограничено е движењето на битолчани и по Широк Сокак.

Пред денешнa свеченост во 14 часот, најавени протести на неколку здруженија на граѓани и асоцијации како здружението „Дамјан Груев“, партијата Левица, Општинскиот одбор на Сојузот на борци Битола, Заедницата на Македонците протерани од Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.