Според Договорот од Преспа Македонија има обврска за промена на книжните и кованите пари, но крајниот рок зависи од отворањето на ЕУ поглавјето – економска и монетарна унија.

Како што за ТВ Канал 5 појаснува вицегувернерката Емилија Нацевска, со оглед на фактот дека Македонија се уште го нема отворено тоа поглавје во моментов не може да се прецизира и крајниот рок за целосна замена на парите.

Законска обврска согласно Преспанскиот договор има да и за замена на парите, со тоа што крајниот рок е пред истекот на 5 години од отворањето на релевантното поглавје со ЕУ по ова прашање во рамки на преговарчкиот процес, со оглед на тоа дека ова поглавје се уште не е отворено и крајниот рок не е познат не можеме сега да го прецизираме крајниот рок за целосна замена на парите – изјави Нацевска.

Промената на парите ќе се врши постепено бидејќи станува збор за долг и скап процес, за што е потребно и навремено планирање на залихите, вели Нацевска и додева дека Народната банка замената на парите ја започнала уште во 2020 година со изданијата на парите од оние апоени каде имало потреба за надополнување на залихите.

Граѓаните ќе може да вршат замена на парите и по истекот на овој рок непречено и временски неограничено кај централната банка и од тие причини нема потреба од било каква загриженост – изјави Нацевска, вицегувернерка во НБРМ.

Извор: Канал 5



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.