Граѓани на Македонија кои денеска патувале за Грција се жалат дека биле вратени од гранични премини со јужниот сосед дури и со нови сообраќајни дозволи, објави „Експрес“.

За грчките граничари не е доволно што патниците извадиле нови сообраќајни дозволи со „Северна“ затоа што на нив се уште стоел кодот МК. Грчките граничари сега бараат наместо МК да стои кодот NMK.

Колкава грешка имаат направено Спасовски и владата се гледа од тоа што МВР воопшто не издава нови документи со НМК затоа што нема такви обрасци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.