Апелациja ја укина пресудата за предметот „Топлик“ , попознат како „Сончев град“ каде првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески..Сега предметот се враќа на повторно судење во Основниот кривичен суд.

Во образложението се наведува дека поради сторените суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка кои ја доведуваат под сомневање и утврдената фактичка состојба и правилната примена на материјалното право, овој суд согласно со член 436 став 1 од ЗКП, одлучи како во изреката на решението.

При повторното постапување, првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, имајќи ги предвид наведените укажувања и со сигурност да ги утврди сите решителни факти во предметот кои имаат битно влијание за законитото одлучување во смисла на член 15 и член 399 од ЗКП“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.