Секое добро во Македонија мора да биде затруено со многу политика и заткулисни игри. Па така, гратисите од ФФМ за првите лица на правдата фрлија црна дамка на историската победа на македонската фудбалска репрезентација.
Министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски сепак на фудбалскиот натпревар во Палермо меѓу Македонија и Италија летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација.
И Тупанчевски и Фетаи цело време изјавуваа дека трошоците за престојот во Палермо ги платиле од приватна сметка. Но, гратис биле и влезниците во ложата на стадионот.
За Фудбалската федерација на Македонија има отворено неколку кривични ИСТРАГИ. И оп – обвинителка, судија и министер си лапкаат ГРАТИСИ баш од тој шо треба да го гонат!? Чекајте малце другари… Па нели ова у Шарена и у Извештајот на Прибе го викавме “ЗАРОБЕНА ДРЖАВА” 🤯, потсетува Димитар Апасиев од Левица на една тема која не се зборува многу во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.