Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини!?, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби.

Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција.

Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина?

ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување.

Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе.

И додека граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, со високи сметки за струја и парно, со покачени цени на горивата и основните животни намирници СДСМ и ДУИ работат за свој личен интерес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.