Пратеникот и првиот човек на Левица, Димитар Апасиев од протестот пред Влада ЗА „Инфомакс“ посочи дека од утре ќе има пожестоки протести. Според него, комплетно ќе се заобиколи Собранието и ќе има обид за потпишување на францускиот предлог. Апасиев посочува: „Гневот тука е многу поголем“.
Можеме да продолжиме со маршеви, може со блокади, сите аргументи се на наша страна. Мислам дека има време да се консолидираме. Јас сум оптимист, од утре ќе биде пожестоко“, кажа Апасиев.
Тој додаде: „Даваме се од себе, дајте и вие. Не може само Левица да клепи, бујрум на протести да го одбраниме тоа што е наше“.
„Жалосно е овој гнев на народот да не го капитализираме со победа. Вторник е клучниот ден. Власта е комплетно делигитимирана, нема суштествена поткрепа. Ние како сила во налет ако дозволиме да го изврши последното предавство, треба да се распуштиме“, додаде тој.
Тој најави радикализирање.
„Треба конкретни чекори, во конкретни времиња, за да има успех. Нема здрав човек кој ги поддржува. Мислам дека гадно ќе завршат. Ќе си лежат затвор квалитетно. Ќе гледаме да лежат 300 години затвор, за сето ова што го приредија годиниве“, посочува Апасиев.
Според него, нема да се купуваат пратеници. Апасиев смета дека Павле Трајанов се уште стои на ставот дека е против францускиот предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.