Антикорупциска под лупа ја става фирмата од Желино која доби тендер од 1,8 милиони евра од МНР со кое раковдои Бујар Османи за да органзира настан на ОБСЕ, а која воедно и е најголем донатор на ДУИ, матичната партија на министерот.
На „Еуровиа“ во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот втор човек во ДУИ Абдулаким Адеми, ова и е трет тендер за нецела година. Таа го доби и тендерот за изградба на полициската станица во Аеродром вреден 2 милиони евра, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”.
Од друга страна, фирмата донирала на ДУИ 1,85 милиони денари како правно лице, додека Ељмедин лично на партијата и дал нешто над 2,5 милиони денари.
Според договорот, ќе се поправа и ќе се поставува нова електрична инсталација, нова климатизација и системи за греење и ладење, ќе се поставуваат и билјерски единици за топла вода, ќе има партнерно уредување. Сепак, најголемите пари ќе се потрошат за адаптација на просторот и за мебел. Покрај главните сали, предвидени се десетина канцеларии за делегации, билатерални простории, пулотови за помош, прес-сали, но и простор за одмор, кафетерии, простор за возачи и вип простории. Од мебел, освен паноа, маси, пултови, ќе се набавуваат и троседи за релексација за делегати, коњопои, клуб масички и декорации за енетериер.
Опозицијата реагираше дека ова се премногу пари за еден настан и дека со нив може да се изгради цел еден нов објект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.