Анкетите се јасни – СДС декласирана, од позиција на трето место се борат со ДУИ за второ место, вчера уште една партија произлезе од СДС, koментираат во ВМРО-ДПМНЕ.

На кое дереџе се донесе СДС со своите антинародни политики и со својата ароганција, да дојде во ситуација со ДУИ да се бори за второ место на анкетите на јавното мислење.  Тие се декласирани и во моментов паднаа на трето место, што само потврдува дека тие се помалиот партнер во власта и колку повеќе го одолговлекуваат соочувањето на избори, толку подолу ќе тонат.

Но нам не ни е грижа за СДС, нам ни е грижа што со себе кон дното ја влечат и Македонија.

Македонија со СДС стана земја со најнизок раст на БДП во регионот што предизвикува масовен егзодус на населението. Поради нивните промашени политики во Македонија има највисока инфлација на цените, а згора на тоа се покачуваат и даночните стапки на ДДВ за производи кои граѓаните секој ден ги купуваат. Стандардот го допре дното, а поради лошиот економски амбиент странските инвестиции во широк лак ја одбегнуваат државата. Единствено во Македонија доаѓаат регионалните мешетари кои благодарение на оваа власт добиваат лиценци за да отвораат бизниси тука и да ги перат своите пари. Капак на се е сеприсутната корупција и криминалот кои сесрдно оваа влада ги помага и поддржува

За сето тоа вина имаат СДС и Ковачевски и народот тоа го гледа. Затоа е и рејтингот на СДС таков каков што е, затоа СДС стана трета партија на политичката сцена. Анкетите се јасни. Народот бара избори за оваа однародена власт да се промени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.