Пожарот е целосно изгасната , но се уште има слаб чад и нормално е по ваков пожар да има чад, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во Утрински Брифинг.

Наместо да правиме проценка, дојде тим од АРМ со опрема која е донација од САД и извршија мерење. Чад имаше, но немаше отровни материи. Нивната опрема може да детектира отровни испарувања. Немаше отровни матери кои настануваат од пожар. Јас бев во Тетово до вечарта во близан на пожарот, а утрово сум со вас и не сум отруен се чувствувам добро. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема никаква опасност по нивното здравје, вели Ангелов.

Тој информира дека фабриката не е целосно изгорена, туку само нејзини делови, а долготрајноста на пожарот се должи на составот на материјалите кои биле во погоните и магацините. Тоа се материјали кои кога еднаш ќе се запалат горат долготрајно и тешко се гаснат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.