Пристапувањето на Македонија и Западен Балкан во ЕУ претставува јасен приоритет и затоа е неопходно преговарачката рамка за Македонија и Албанија да се усвои во најкраток можен рок, смета амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри. Тој се надева дека до крајот на месецот сите засегнати страни ќе направат обид таа цел да се постигне.

За нас претставува јасен приоритет пристапувањето на Македонија и Западен Балкан не само во интерес на нивниот просперитет, туку и безбедност, особено сега. Затоа неопходно е да се усвои преговарачката рамка за Македонија и Албанија во најкраток можен рок“, рече Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија.

Силвестри кој присуствуваше во Струмица на одбележувањето на денот на пријателството помеѓу Македонија и Италија односите на двете земји ги оцени како извонредни кои уште повеќе се зацврстиле по неодамнешната посета на македонската владина делегација на Рим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.