Македонија е блокирана на патот на ЕУ. Завојуваната Украина почнува преговори за ЕУ, и тоа е добар чекор кој го поздравивме. Но, прашањето е зошто нема преговори со Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна преполни се устите на носителите на власта, СДС и ДУИ како тие создале силни меѓународни конекции и приjaтелства. Ако е така зошто не договорат во текот на гласањето, ако Бугарија е единствената пречка да го напушти состанокот и да нема вето за преговори со Македонија.
Фактот што Македонија е блокирана е резултат на слабата меѓународна политика на власта. Тоа што Македонија прифаќа диктати е заради неспособните Ковачевски и Османи. Вистинската причина зошто никој не се заангажирал за Македонија како за Украина и Молдавија се високата корупција и криминал во власта.
Нема меѓународен извештај или странски претставник кој не нотирал за криминалот и корупцијата кои го јадат системот. Македонија може напред, но пред тoа потребни се промени.
Власта мора да се смени. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со енергична политика и стратегија за развој ќе ја придвижи државата напред, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, пак, велат дека ВМРО-ДПМНЕ се криви за блокадата на европскиот пат
Поради блокадата на опозицијата во македонското Собрание државата не ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ.
Иако целосно успешно заврши процесот на скрининг, иако нема нови услови и поддршката од европските лидери за трасираниот пат на Македонија кон Унијата е силна, поглавјата останаа затворени поради политиката на блокади на ДПМНЕ и Левица.
Мицкоски и ДПМНЕ се криви за блокадата на европскиот пат.
Со ДПМНЕ нема ЕУ, има изолација, неизвесност и стагнација.
Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија.
Граѓаните и конкретно се уверија дека единствен кочничар на европскиот пат е анти ЕУ коалицијата на ДПМНЕ и Левица, се вели во соопштението на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.