Работната група за уставни измени најавува дека следната недела ќе излезе со предлогот за промена на Уставот во кој ќе бидат вметнати и Бугарите.
Дали тоа ќе биде како што власта сакаше да прикаже „козметичка“ промена со додавање на Бугарите како делови од народот или пак ќе се оди на целосно нова Преамбула никој не знае.
Друга работа е што работна група во оваа фаза не смее да се формира и тоа е можно само откако ќе се отвори Уставот. На тоа денеска реагираше и координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој нагласи дека за ова некој може и да одговара.
Постапката се знае како е, прво се отвара Уставот па потоа може да се разговара. За ова може некој и да одговара затоа што формирање на работна група за нешто имагинарно и исплаќање на средства од буџетот на државата за нешто што не е по постапка исто така е злоупотреба на службена положба и оштетување на буџетот. Така да тие што ја тераат оваа постапка добро да размислат за ова што го прават-вели Мицевски за „Република“.
Она што е потребно е на граѓаните да им се објасни кои ќе бидат последите, односно придобивките доколку Бугарите влезат во Уставот. Со механизмот „Балансер“ бугарската заедница ќе бара вработувања во државни интитуции и настава на бугарски јазик.Преведено во бројки тоа значи дека секоја институција треба да има 0,19 проценти Бугари.
Покрај тоа Македонија ќе треба со државни пари пари да финансира и прославува национални празници на бугарската заедница како што е трети март, денот на Санстефанска Бугарија која опфаќа и делови од Македонија.
Протоколите кои се дел од Францускиот предлог покажуваат дека историјата е составен дел од преговорите со ЕУ. Покрај тоа што бугарски преднак добија Цар Самоил, Кирил Методиј, Климент и Наум, ќе биде многу тешко да се оди понатаму во преговорите без на ова Македонија да се согласи.
Крајната денеска ја потврди и Андреј Ковачев кој вели дека може да зборуваме за македонски јазик и Македонци но само од 1944-та што значи дека признавањето на македонскиот јазик преку Фронтекс за Бугарија а со тоа и на ЕУ не значи дека јазикот има историски континуитет, исто како и признавањето на Македонците се сведува на нивно постоење без никаква етногененеза. Врвна хипокризија е изедначувањето на Гоце Делчев со Ванчо Михајлов и на врховнизмот што значи негирање на македонизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.