Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во паркот во Чаир организира прослава по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од постоењето.

Лидерот Али Ахмети по своето обраќање ја пресече роденденската торта.

Овој 20 годишен јубилеј е посветен на следните две децении и затоа кој е спремен и подготвен за ова патување, нека го врзе појасот и нека се устрои зад мене, рече Ахмети.

На манифестацијата присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој додаде дека мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците

Тој се осврна и на проблемот со Бугарија и истакна дека мора да работиме на позитивен епилог со нашиот сосед Бугарија за нашиот билатерален спор и да ги стесниме просториите за дејствување на злонамерни агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни дефиниции.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секогаш без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на моите сограѓани. Европа не може биде целосно спокојна без Западен Балкан и тоа треба да биде приоритет на Европската унија колку што е и наш приоритет.

Ахмети ги повика сите учесници во општеството, политичари, институции, медиуми, невладини организации, судство и обвинители, да отворат национален фронт против корупцијата и да ја искоренат, не со зборови, пропаганда и клевети, туку со конкретни обвиненија, без лов на вештерки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.