Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од митингот на плоштадот „Македонија“, порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил пораснат со гурабии и кекси.

Тој му порача да пази што зборува бидејќи уште е млад.

Христијан Мицкоски е растен со гурабии, бисквити! Христијан не ја почнувај бељата и мери ги зборовите затоа што си млад и ќе ти ја закрпам устата, рече Ахмети.

Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.