Зборувајќи за бројката од 130 илјади граѓани кои останаа непопишани, за нивната етничка припадност која сега стана предмет на манипулација и политизација, а која не може да се знае со точност затоа што овие лица го бојкотираа пописот, лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово, повика на одговорност за опозиционите политички партии кои го повикуваа на бојкот на пописот.

„Треба да се имаат во предвид и повиците за бојкот од страна на опозиционите политички партии и тие треба да сносат одговорност за овие 10% граѓани кои останаа не регистрирани, односно го бојкотираа пописот. Секоја интерпретација  за тоа каква е етничката припадност на овие граѓани ќе биде погрешна, дали се тие Албанци или Македонци, ова не може сега да се утврди“, додава Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.