Санкциите ќе поттикнат подобро однесување и ќе ги натера избраните функционери, наставниците и здравствените работници да постапуваат правилно, како и да си ја вршат работата со интегритет, смета амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер.

Таа, додаде дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, може да бидат многу ефективни и охрабрувачки.

Според Агелер, санкциите носат чувство на одговорност и последици.

Сфативме дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, може да бидат многу ефективни и охрабрувачки. Тие ги тераат луѓето да бидат многу попретпазливи отколку што биле, бидејќи санкциите на САД се сериозни и може да имаат долготрајни последици, подвлече амбасадорката во одговорот на прашањето за воведување санкции кон лица вмешани во коруптивни зделки.

Амбасадорката Агелер изјави дека САД наметнале санкции зашто тоа е во нивен интерес и тоа се очекува од нив како суверена нација и поради тоа, одредени луѓе не смеат да влезат во САД.

Заканата од и ставањето на „црна листа“ ќе ги натера избраните функционери, функционерите во министерствата во оваа земја, наставниците, здравствените работници да постапуваат правилно, да си ја вршат работата со интегритет, бидејќи ако не го прават тоа така, може да се соочат со последици. Ние се надеваме дека санкциите носат чувство на одговорност и последици. И, се надевам дека тоа ќе се всади во свеста на заедниците во оваа земја. Исто така, граѓаните го бараат тоа од оние што работат за нив, бидејќи, освен кога станува збор за бизнисмените, ние зборуваме за административни службеници, луѓе како мене, кои се ангажирани да работат за својата земја и да го прават она што е во најдобар интерес на државата, а не за лични интереси, потенцира Агелер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.