Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Прајс Агелер, од Гостивар порача дека уставните измени треба да бидат усвоени за земјава да се придвижи напред.

Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок.

Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, изјави Агелер, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC).

Амбасадорката нагласи дека е запозната со партиски ставови на пратениците, дека тие имаат гласачи и дека тие се одговорни кон нив, но смета дека „ова е во најдобар интерес на Македонија“ и на тоа мисли кога ја спомнува „тешката одлука“.

И затоа, засега тоа е предизвик, верувам дека ако се донесе таа одлука и дека пратениците треба да гласаат за да може да има напредок, изјави Агелер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.