Автентичен е разговорот кој е објавен во јавност, а гласот е на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, потврдува Владимир Туфегџиќ, адвокат на обвинетиот за „Скопје1“. Прашан кога се водел разговорот, кој го снимил, каде се водел – Туфегџиќ кажа дека ќе се воздржи од коментари.

Адвокатот најави дека ќе бара прием во скопското Јавно обвинителство веќе во вторник, кога е првиот работен ден на институцијата.

„Како бранител на Александар можам да потврдам дека на јавно објавените аудио материјали се слуша гласот на Александар, таткото на несреќното дете, и разговорот е автентичен.
За сите други детали поврзани со конкретниот објавен видео запис, поточно за времето и местото на случувањата, ќе се воздржам од коментар во интерес на истрагата и истите ќе ги споделам со надлежниот Јавен обвинител, за што ќе побарам прием во Јавното обвинителство во вторник“, вели Туфеџиќ за „Скопје1“.

Како и од кого се искреирани овие тонски снимки, ќе треба да утврди истрагата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.