Адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук профил излезе со свое видување за досегашните информации за случајот.

„Користољубие при првичното киднапирање подразбира да се бараат пари од семејството, пријатели итн. Девојчето е киднапирано во 07.30 убиено во 10.00
Пари не се ни барани?! Очекувам многу поасално соопштение од колегите и колешки од ОЈО Скопје рано изутрина!“ се вели во неговиот статус на фејсбук.

Адвокатот Драган Пешевски, побара ревидирање на видот на кривичните дела за вакви грозоморни дела.

„ Ревидирање на видот на кривичните санкции за вакви грозоморни дела, односно додавање на нови посурови и апел до сите колеги адвокати НИКОЈ да не се нафати да ги брани ако увиди дека постои и најмал сомнеж дека се тие лица сторители, а и адвокатот кој ке им биде поставен по службена нека не се ангажира баш нај нај, да не кажам ич!!!“ напиша тој на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.