Драмско востание — востание кренато на 29 септември 1941 година од стана на грчкиот и македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор под раководство на Комунистичката партија на Грција.

Започнало на 28–29 септември 1941 година (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските окупатори го задушиле востанието при што биле убиени околу 3 000 души.

По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат.

Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот.

Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието се убиени 3 000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска.

Извори:
1.Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.