Герила акција ноќеска во Скопје. Осамнаа плакати со огласи за работа во АРМ, залепени низ штабовите на Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Низ штабовите на СДСМ во Скопје се појавија плакати со оглас за вработување во АРМ, регрутни центри, одговорни лица Миле, Цаци и Диме.]

Пред два дена на официјалната фејсбук страница на СДСМ Арачиново, кандидатите кои што аплицирале за работа во АРМ се повикуваат да се појават кај претседателот на огранокот на истата партија или кај раководството на истата.

-Почитувани сонародници, ве повикуваме сите кои што аплициравте на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Македонија, кандидатите да се појават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот СДСМ-Арачиново, се вели во повикот на партијата објавен на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.