Униформа со униформа не можеш да ги споиш. Има полициајци чии униформи се работнички одела. Панталоните не беа дел од униформа. Едно палто горе, други панталони долу. Има луѓе во полиција кои самите си шијат униформи. Самите си консруираат како таа да изгледа во рамките на одреден модел за да пустите имаат што да облечат. Кошули не смениле. Буџетот на МВР знаете ли за што е потрошен. Еве 23 милиони евра се дадени за судски постапки. Од 2016 до 2023 година по основ на налози за извршени судски решенија од Буџетот на МВР, од буџетот на грашаните се исплатени 23 милиони евра. Тоа се тужби од вработени од полицајци. Ова се информации од јавен карактер. Ама пари за униформи нема. На крајот на днеот не е битно дали тие набавиле нешто или не набавиле. Битно е како се чувствуваат полицајците. Битно е каква е перцепцијата на граѓаните. Битно е дали има униформа за зимно време и униформа за летно време. Немаат. Купиле дел униформи за специјалните едниници. Ама не купиле за другите униформирани полицајци. Кошули немаат да сменат. И после ние задоволна полиција, безбедни граѓани. Абе која задоволна полиција?! – вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Тие 23 милиони евра се од деградирани полицајци кои тужеле. Пример се полицајци кои од Македонски Брод биле пратени на работа во Струга. Тошковски не сака да коментира за одговорноста на поранешниот министер за сите овие изгубени судски предмет, но вели:

Од позиција на министер морам да внимавам, но факт е дека МВР изгубило огромен број постапки од работни односи заради незаконито работење на Министерството. Тоа е факт. Односно прераспределување, бркање од работа, уназадување, злоупотреба на закон. И факт е ддека тие пари се огромен дел од овие 23 милиони евра. МВР ги губи постапките. Јас сум добил еден куп постапки против МВР во рамки на она што сум го работел претходно, како адвокат. Флагрантни кршења на законите. Тотално незаконито постапување. Особено во делот на бркање од работа и казнување. Па имав една постапка, човекот имаше преку 35 наредби, спротивно на волја. Нормално дека ќе ја добие постапката.

Вели одговорност мора да има со име и презиме, доколку сакаме да имаме држава. Тоа треба да биде приоритет на идната влада. Да нема политички прогон како што имаше, да нема лов на вештерка, но секој некој што се огрешил мора да одговара. Според него без никаков правено образложение биле носени решенија за бркање од работа, уназадувања и.т.н. Се вршел политички реваншизам кој ги чини граѓаните 23 милиони евра. Според него нема правно образложение ни за поништување на тие 5 одлуки од страна на Влада поради наводно недостиг на двоен потпис, особено во делот на началник на СВР Тетово. Вели СВР Тетово го чуваат ко рудник со злато да е. Образложение зошто е тоа така нема. Му било ветено правно образложение на писмено, но не добил ни устно ни писмено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.