Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври.

Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.