Музичкиот состав Трио долче во кој членуваат професионалните музичарки :Андријана Дукоска (виолончело), Марија Шамоска Буџаковски (пијано), Светлана Богданоска Ристоски (флејта), добија златен медал на Интернационалниот музички натпревар Прометеус во Болоња, Италија.Ова пијано трио е оформено во 2016 година.
Честа и здоволството од резултатите се огромни, знаејќи дека во јака конкуренција на состави од различни земји низ светот, комисијата составена од еминентни уметници и педагози, ни ја доделија оваа награда, истакнуваат од триото.
Поддржани од Министерството за култура на Р.Македонија, тие активно концертираат во многу градови низ нашата држава (Битола, Прилеп, Штип, Гостивар, Охрид, Кавадарци). Во нивниот изведувачки опус се опфатени композиции од сите стилски епохи. Овој музички состав, во периодот јануари/февруари 2021 год. ја освои Првата награда – LAUREATЕ, на Меѓународниот уметнички фестивал во Италија – Future Stars на фондацијата Sopravista International Festival – Contest, во категоријата Инструментална музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.