Меѓународната Букерова награда, која ги истакнува делата на најдобрите преводи на литературни дела низ светот, објави поширока листа за годинашниот избор, која вклучува 13 романи. Поширокиот избор е направен од 135 пријавени книги, кои се преведени од 10 светски јазици, овој пат за првпат од хинди. Книгите доаѓаат од 12 различни земји, од четири континенти. Пошироката листа ги вклучува:
„Проколнат зајак“ – Бора Чанг, преведено од корејски
„По сонцето“ – Јонас Еика, преведено од дански
„Ново име: септологија VI-VII“ – Џон Фос, преведено од норвешки
„Повеќе отколку што го сакам мојот живот“ – Дејвид Гросман, преведено од хебрејски
„Книга за мајката“ – Вајолејн Хуизман, преведена од француски
„Рај“ – Миеко Каваками, преведен од јапонски
„Рај“ – Фернанда Мелкор, превод од шпански
„Љубов во големиот град“ – Санг Јанг Парк, преведено од корејски
„Среќни приказни, главно“ – Норман Ериксон Пасарибу, преведено од индонезиски
„Елена знае“ – Клаудија Пинеиро, преведено од шпански
„Фенотипови“ – Пауло Скот, преведено од португалски
„Гробница од песок“ – Гитајали Шри, преведено од хинди
„Книгите на Јаков“ – Олга Токарчук, превод од полски
Првиот на листата ќе добие награда од 50 илјади фунти, а оваа награда ја делат авторот и преведувачот на делото. Сите во потесниот круг ќе добијат по две и пол илјади фунти, а потесниот избор ќе биде објавен на 7 април. Победникот ќе биде објавен на 26 мај, а минатогодишен победник е книгата „Ноќе целата крв е црна“ на Дејвид Диоп, во превод на Ана Московакис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.