Во рамките на априлската програма во Кинотека денеска може да се погледнат проекциите на „Жена во војна“ во режија на Бенедикт Ерлингсон, во 18 часот и документарниот филм „Галантните Индијци“ во 20 часот.

ЖЕНА ВО ВОЈНА

(Kona fer í stríð / Woman at War)

Игран филм, Исланд / Франција / Украина

2018, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Бенедикт Ерлингсон (Benedikt Erlingsson)

Сценарио: Бенедикт Ерлингсон, Олафур Егилсон (Benedikt Erlingsson, Ólafur Egilsson)

Улоги: Халдора Геирхардсдотир, Јохан Сигурдарсон, Хуан Камило Роман Естрада, Јорундур Рагнарсон (Halldóra Geirharðsdóttir, Jóhann Sigurðarson, Juan Camillo Roman Estrada, Jörundur Ragnarsson)

Хала е активистка на тајната еко-герила која се бори против корпорацијата за производство на енергија во Исланд. Таа е подготвена да ризикува сè за да ги заштити недопрената природа и планини на Исланд кои ги сака неизмерно.

Во знак на протест против загадувањето на природата Хала врши саботажи на електричните водови: со циркулар ги сече носечките столбови на електричната мрежа, а со лук и стрела предизвикува кратки споеви на каблите. Никој не се сомнева дека овие саботажи ги прави плашливата Хала, па полицијата започнува да го следи туристот со сомнителен изглед, верувајќи дека тој ги создава проблемите.

Но, едно сираче ќе влезе во нејзиниот живот. Еден ден Хала добива писмо од владините институции во кое ја известуваат дека конечно ѝ е одобрено посвојување на сираче од Украина. Хала долго чекала на овој момент и животот ќе ѝ се промени од корен: дали мајчинскиот инстикт ќе биде посилен од нејзините радикални еколошки убедувања?

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ

(Indes Galantes / Gallant Indies)

Документарен филм, Франција

2020, 108 мин., колор, блуреј

Режија: Филип Безија (Philippe Béziat)

Учесници: Клемон Кожиторе, Бинту Дембеле, Леонардо Гарсија Аларкон (Clément Cogitore, Bintou Dembélé, Leonardo García Alarcón)

Музичкиот документарец ја прикажува поставката на познатата балетска опера ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ (Les Indes galantes) на композиторот Жан – Филип Рамо (Jean-Philippe Rameau) на сцената на легендарната „Опера Бастиља“ (Opéra Bastille) во Париз.

30 танчери од алтернативните жанрови, во сценската поставка на Клемон Кожиторе и кореографијата на Бинту Дембеле, го репризираат и ремиксираат барокното ремек – дело на Жан – Филип Рамо, нудејќи динамичен поглед на оваа значајна опера.

Создавајќи дијалог помеѓу урбаниот танц и лирската песна, тие заедно повторно го измислуваат барокното ремек – дело на Рамо, ГАЛАНТНИТЕ ИНДИЈЦИ. Од проби до јавни настапи, тоа е човечка авантура и средба со политички прашања што ги следиме: дали новата генерација уметници може да ја преземе Бастилја денес?

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.