Документарниот филм „1000 години-Сведок на светлината“,  во режија на Илија Ико Каров посветен на Бигорскиот манастир, по повод големиот јубилеј на манастирот, кој го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите, премиерно ќе биде прикажан денеска во 20 часот. Ќе се емитува на МТВ, на каналот Јутјуб и ќе биде споделен на официјалните Фејсбук страници на филмот и на Бигорскиот манастир.

Во 2020 година Бигорската Обител го прослави своето илјадалетие – 1000 години од нејзиното основање во 1020 година од страна на ктиторот, Архиепископот Јован Охридски Дебранин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.