За реакцијата на Здружението на џез музичари на Македонија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека ЗЏМ добиле поддршка од 800.000 денари и дека таа е свесна за значењето и квалитетот на музичарите и не е точно дека не го разбира нивниот квалитет.

Нагласи и дека во подготовка се и Закони за повикување на општествена одговорност во културата од страна на бизнис секторот и мотивирање со даночни олеснувања за влог во културата.

ЗЏМ доби поддршка за да го организира фестивалот „Денес се’ е џез“ и котизација за EJN European Jazz Network, но не и за учество на истата. Министерството не поддржа ниеден концерт на биг бенгдот, а аплицираа со четири –  ЗЏМ свири македонски автори, ЗЏМ со Пјер Милет (трубач од Франција и еден од најинтересните солисти и композитори моментално во Европа), ЗЏМ и Македонски гитарски херои (солисти Тони Китановски, Филип Динев, Герги Шаревски и др) и ЗЏМ свири Чарлс Мингус заедно со Зиги Фајгл. Здружението најавува приговори за одлуката.

Минатата година ЗЏМ одржа бројни успешни концерти и неколку нови изданија на македонската џез сцена, извонреден настап на ЗЏМ биг бенд и John Ilija Apelgren на Виноскоп 2022, бевме една од 120 земји кои го одбележаа Меѓународниот ден на џезот со шестото издание на фестивалот Today It’s All about Jazz кое траеше цели 10 часа, учествуваа на конференцијата на EJN (Европската џез мрежа) која во 2022 година се одржа во Софија, Бугарија, Биг бендот на ЗЏМ отсвире уште неколку неверојатни концерти, меѓу кои Rio Nights, ZJM Big Band Plays Jimmy Hendrix заедно со саксофонистот Франческо Беарцати, а во декември и незаборавните концерти со Рамбо Амадеус и Луис Бонила, џез сцената ја збогатија со новите изданија на ЗЏМ рекордс: “Agol” на Parussion Group, ”At the Philharmonic” на Bopheads, “Incorporated” на Skopje Jazz INC и “Not for Сале” на Сашко Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.