Власта ја уништи културата, а буџетот на скоро сите институции е намален за програмските активности за околу 10 проценти и процентот на средства за култура е 1,34 од буџетот што е  најнизок во изминатите години, кажа Зоран Љутков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ 24.

Власта ја уништи културата, кога ќе видите во капиталните инвестиции во националните установи за култура има негрижа, не се одржуваат комплетно. Она што зборуваат дека е 14 милиони обезбедени за програмите тоа всушност не е така бидејќи во тие 14 милиони влегуваат и материјалните трошоци. Како што се договорите на дело, средствата за обезбедување но тоа не е јавно објавено и ние не ја знаеме точната бројка колку е одвоено само за програми. Ќе треба да истражиме проект по проект колку точно се одвоени. Претходно сите  се ставале одвоено за капитални инвестиции за установи за материјални трошоци не се ставеле во купот на програми. Во националните установи ако велат дека е зголемена сумата зошто тогаш секоја институција посебно кога ќе ја видите разликата од 2023  и 2024 година му е намален буџетот за скоро 10 проценти, истакна Љутков.

Љутков посочи дека буџетот на скоро сите институции е намален за програмските активности.

Во 2017 година буџет на драмски театар бил 8-9 милиони лани во 2023 година бил 3 милиони и 200 за програми а оваа година е 3 милиони. Како тоа ние зборуваме за покачување на сумата во програмските активности кога секоја институција посебно објавува дека им се намалени средствата. Вкупната сума е зголемена затоа што многу пари им се дадени на другите корисници, на физички лица, на партиски членови, на новоформирани здруженија и фирми кои што не знам ни како го поминале филтерот на бодување, нагласи Љутков.

Љутков посочи дека процентот на средства за култура е 1,34 од буџетот и најнизок во изминатите години.

Генералниот буџет на државата се зголемува ако лани бил 4,5 милијарди оваа година го прогнозирале 5,5 милијарди. Процентот за култура е 1,34. На 4,5 милијарди е една сума 1,34, на 5,5 милијарди е друга сума. Во 2014 година процентот за култура од генералниот буџет кој што се издвојува бил 2,5%, 2,2% 2.0% варирал но секогаш бил над 2%. Ние оваа година имаме 1,34 % средства за култура. Самата агенција за филм имала 7-8 милиони за продукција сега има едвај 2,5 милиони. Да бидеме искрени и чесни и да зборуваме за точни работи и суми кои што се видливи. Само во драмската дејност околу 15-16 милиони се намалени средствата, нагласи Љутков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.