Вечерва во 20 часот на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска.

Ова и трета соработка на Поплавска со прилепскиот театар, и втор текст од Стефановски што го поставува на сцената од театарот.

Композитор на музиката е Ристо Вртев, кој првпат соработува со прилепскиот театар, драматург е Ивана Нелковска, за дизјанот на светлото е задолжен Милчо Александров, а автор на плакатот е Бојана Артиновска – Трпческа.

Во претставата играат Катерина Клинческа Чакмакоска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, а музичари се Томе Темелкоски, Методија Костоски, Ана Митоска и Филип Јездиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.