Влатко Стефановски, врвниот македонски гитарист со светско реноме настапи на „Albania guitar
festival“ кој се одржа во Тирана во саботата. Ова е прв настап во кариерата на Стефановски во Тирана
Виртуозниот гитарист и автор, кој во свој оригинален стил донесе на сцената беспрекорни етно, рок, поп и џез звуци беше во придружба на Јан Стефановски – тапани и Иван Кукиќ басист.
Стефановски се сретна со Златко Ориѓански, директорот на Македонскиот културен центар во Тирана кој заедно со Денис Бижга, директор на „Albania guitar festival“ овозможиja да се реализира концертот на Стефановски во Тирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.