Ако ги корнат даските од сцената при реконструкција на салата, би сакал да ми дадат една да ја ставам во моето студио, вели Влатко Стефановски во пригодниот документарец за Универзална сала снимен за 45-годишниот јубилеј, насловен „Некогаш – сега – засекогаш“, што беше прикажан на почетокот од промоцијата на Монографијата по повод 60-годишнината од постоењето на Универзална сала – „Скопскиот симбол на хуманоста“, чија авторка е Весна Дамчевска.

Мониграфијата ја промовираа писателот и универзитетски професор Александар Прокопиев и директорот на Универзална сала Горјан Христовски.

Монографијата „Скопскиот симбол на хуманоста“ е четврта авторска книга на Весна Дамчевска и е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, објавена со поддршка на Град Скопје.

Книгата, покрај историјатот на институцијата, ги опфаќа и многубројните настани што традиционално се одржувале во овој простор: повеќе од 5.000 манифестации, кои ги проследиле над 5.800.000 посетители.

Од искажувањата уште еднаш се потврди дека се работи за повеќе од објект за манифестации и дека емоционална димензија што ја има Универзална сала во меморијата на скопјани и другите посетители, кои барем еднаш во животот присуствувале на некој настан било примарна идеја на авторката во креирањето на монографијата била водена од поттикот да се сочуваат сите тие настани од заборавот, негувајќи ја емоционална култура на сеќавање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.