Ви го претставуваме и воедно му честитаме на Гоце Велески, новиот победник на Конкурсот за визуелен идентитет по повод јубилејот „50 години МКЦ“, информираа денеска од МКЦ на својот фејсбук профил.

По објавување на резултатите од Конкурсот, според кои визуелното решение на Милан Димитриев беше избрано за најдобро, од јавноста е посочена веб-страница од каде што прворангираниот целосно ископирал и преземал визуелно решение, со што не го испочитувал критериумот за оригиналност и автентичност.

Поради тие причини, Милан Димитриев се дисквалификува, а визуелното решение на второрангираниот Гоце Велески се смета за победник на Конкурсот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.