Уметникот Страхил Петровски за триптихот „Лимитиран свет“ – комбинирана техника на панел/видео доби Гран при на 19. Зимски салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Наградата е престој во ателјето Cité internationale des arts во Париз, а ја обезбедува Министерството за култура.

Изложбата под наслов „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ е отворена во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Селектор на Зимски салон е романската професорка Анка Боериу од Националниот универзитет за уметности во Букурешт. Претставени дела на 41 македонски автор и петмина автори-гости од Романија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.